Ali Abo Rezeg
25 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
НИНЕВЕХ (AA) – Ирачките безбедносни сили го ослободија дистриктот Ал-Кајарах кој минатите две години беше под контрола на терористичката организација ДАЕШ, а станува збор за стратешки важен дистрикт кој се наоѓа на педесетина километри јужно од центарот на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот генерал Мон ал-Сади за АА рече дека ирачките сили утрово започнале операција на чистење на преостанатите терористички елементи и дека во таа прилика се убиени најмалку 30 припадници на ДАЕШ.
„Утрово започнавме операција на чистење во центарот Ал-Кајарах а во наредните 24 часа акцијата ќе биде завршена и градот во потполност ќе биде исчистен од терористите и минско експлозивните направи кои оставаат зад себе прилика на повлекување кон Мосул", рече генералот Сади.
Операцијата на ослободување на Ал-Кајарах ирачките сили ја започнаа во вторни, а станува збор за стратешки важен дистрикт за предстојната операција на ослободување на вториот најголем ирачки град Мосул кој воено важи за главно место на ДАЕШ воопшто.
Ал-Кајарах е најголем дистрикт на северот на ирачката провинција Ниневех и на тоа подрачје се наоѓа голема рафинерија со капацитет и до 16.000 барели нафта дневно. Губитокот на контролата на тоа подрачје секако е важен удар за ДАЕШ и на економски план, а во операцијата на ослободување поддршка пружија и коалициските воздушни сили.