Elena Teslova
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
МОСКВА (АА) - Со наредба на претседателот на Русија, Владимир Путин, руската армија започна ненадејна вежба за проверка на подготвеноста за војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, соопшти дека цел на вежбата е да се види каква е подготвеноста на Јужната воена област во кризни ситуации и да се испита способноста на Западната и Централната воена област да дејствува во правец кон југозапад.
Министерот Шојгу соопшти дека вежбата ќе продолжи до 31 август.