Fatma Esma Arslan
25 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
ДАКАР
Сепаратистичка група во Камерун изврши напад во едно училиште. Во нападот животот го загубија најмалку 8 ученици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, сепаратистичката група извршила напад врз едно приватно училиште во местото Кумба во англофонското подрачје Југозапад.
Во нападот животот го загубија најмалку 8 ученици, а голем број ученици се ранети.
- Англофонска криза
Откако Владата на Камерун во училиштата и судовите во англофонските подрачја Југозапад и Северозапад распореди наставници и судии кои не го зборуваат англискиот јазик, во последните месеци на 2016 година во овие подрачја започнаа протести, по што избувна англофонска криза.
На 1 октомври 2017 година, на годишнината од транзицијата на земјата кон федерализам, сепаратистичките групи објавија дека формирале симболичка држава на која ѝ го дале името Амбазонија, прогласувајќи го англискиот јазик за официјален.
Според последните податоци, во судирите меѓу Армијата и сепаратистите поради настанатата англофонска криза животот го загубиле најмалку 3.000 лица, 679.000 се раселени, а 40.000 биле принудени да се засолнат во соседните земји.