Murat Karadağ
14 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се случи земјотрес со интензитет од 5,7 степени во покраината Хоросан, сместена во североисточниот дел на Иран. Во несреќата животот го загубија 2 лица, додека 400 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
За иранската новинска агенција ИРНА зборуваше Таки Девлетабади, раководител на одделението за итна медицинска помош при вонредни настани при медицинскиот факултет на Универзитетот Хоросан. Тој соопшти дека во земјотресот животот го загубиле две лица, додека повредени се 400 лица.
На 223 од повредените лица им е пружена медицинска помош на местото на земјотресот и се наоѓаат во добра состојба, додека 177 лица се наоѓаат на болничко лекување. Меѓу повредените кои се наоѓаат на интензивна нега, едно лице е потешко повредено.
Земјотресот во Иран се случи синоќа во 22.30 часот по локално време во градот Пијш Кале, кој се наоѓа во иранската покраина Северен Хоросан. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, траел 58 секунди и имал интензитет од 5,7 степени.