İlkay Guder
24 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
ДОХА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Доха се сретна со емирот од Катар, шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на двајцата лидери траеше повеќе од два часа, по што следуваше состанокот меѓу делегациите.
Со турскиот претседател пристигна и неговата сопруга Емине, началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекчи, министерот за енергија и природни ресурси, Берат Албајрак, за одбрана Нуретин Чаник и шефот на разузнавачката служба, Хакан Фидан.
Инаку, Доха е последната станица од посетата на Ердоган во земјите од Заливот.