Zein Khalil,Muhammed Semiz
25 Април 2023•Ажурирај: 26 Април 2023
КУДС (АА) - Извршен е кибернапад врз интернет-страниците на израелската разузнавачка служба Мосад и Националната агенција за осигурување на Израел, пренесува Анадолу.
Според веста на весникот „Једиот Ахронот“, интернет-страниците на голем број државни институции на Израел биле изложени на кибернапади од страна на хакерската група наречена „Анонимус Судан“.
Во веста се наведува дека не може да се пристапи до интернет-страниците на Мосад и на Националната агенција за осигурување на Израел.
Според веста, одговорноста за овие кибернапади ја презела хакерската група „Анонимус Судан“
„Овој напад е подготовка за еден голем напад“, објави „Анонимус Судан“ преку соопштение на Телеграм.
Мосад не излезе со некоја изјава во врска со случајот, додека Националната агенција за осигурување на Израел потврди дека биле изложени на кибернапад.