Fuat Kabakçı
04 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 32 лица загинаа во експлозија на рударски гас во рудник за јаглен во североисточниот дел на Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти кинеската агенција Синхуа, до експлозија на рударскиот гас дошло во рудникот за јаглен кој се наоѓа во Внатрешна Монголија автономен регион кој е составен дел на Кина.
Во моментот на експлозијата во рудникот се наоѓале 181 рудар. Во тек е истрагата за оваа несреќа, а здравствените работници, како и администрацијата на рудникот не дадоа информации за повредените рудари.
Соопштено е дека се приведени лица кои се поврзани со експлозијата.