АНКАРА/ИСЛАМАБАД (АА) - МЕХМЕТ ОЗТУРК - ИФРИКАР ГИЛАНИ -
Претседателот на Азад Џаму и Кашмир, кој е под контрола на Пакистан, Сардар Масуд Кан, загрижен поради брзото ширење на коронавирусот во Кашмир, кој е под контрола на Индија, смета дека Индија овој период го користи за интензивирање на операциите на тоа подрачје и за пренасочување на вниманието на јавноста од Кашмир.
Кан преку видеолинк даде интервју за Агенција Анадолија (АА) во кое изрази загриженост поради епидемијата на другата страна на контролната линија која го раздвојува Кашмир, но и за сѐ поголемите насилства, кои би можеле да доведат до колапс.
Во Кашмир, кој е под контрола на Индија, од Ковид-19 починаа 10 лица, а заразени се 934. Меѓутоа, во судирите од март загинаа 74 лица.
Кан изрази загриженост поради недоволната здравствена инфраструктура и тешката милитаризација и додаде дека на секои 3.900 лица на тоа подрачје се наоѓа еден лекар, а на девет лица еден војник.
„Брегзит, постапката на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп и ограничувањата во врска со Ковид-19, го свртеа вниманието од Кашмир“, смета Кан, и додава дека е само прашање на момент кога Кашмир повторно ќе се најде во центарот на дипломатската јавност.
„Дојде до одреден напредок, но потоа Кашмир исчезна од радарот на меѓународното внимание. Индија го искористи Ковид-19 како средство да го избрише Кашмир од меѓународната дипломатска агенда. Под плаштот на Ковид-19 уби многу млади момчиња и го промени Законот за домување“, изјави Кан.
Тој смета дека Индија би можела да ја започне воената операција на нивна територија и дека жителите на Азад Џаму и Кашмир и управата се подготвени на каква било операција на измама.
„Не знаеме каков ќе биде нападот. Можеме со сигурност да кажеме дека нема да има нуклеарна војна. Индијците сакаат да пробаат нешто под нуклеарниот праг. Поради тоа сме подготвени на сите можности“, изјави Кан.
Кан, кој е роден во Равалакота, во Кашмир, под контрола на Пакистан, познат и под називот Азад Џаму и Кашмир, е дипломат со долгогодишна кариера и новинар. Кан воедно се заблагодари на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и на турскиот народ, што не го препуштиле сам на себе народот на Џаму и Кашмир во овие тешки времиња.
- Нови карти и временска прогноза -
АА: Индија, откако е објавена новата карта на Џаму и Кашмир, сега почна да ги објавува и прогнозите за Музафарабад и Гилгит-Балтистан. Што значи тоа во политичка смисла?
МК: Сетете се дека Индија овие лажни карти ги објави во октомври минатата година. Ова е прв чекор кој го презеде за да го продолжи иредентизмот, бидејќи настојува да покаже дека Азад и Кашмир и Гилгит-Балтистан припаѓаат на Индиската Унија, а дека Џаму и Кашмир не се еден дел. Меѓутоа, Џаму и Кашмир се дел, несомнено е дека Гилгит-Балтистан се состои од Азад Кашмир, Ладак и Џаму и Кашмир.
Она што таа го прави е заговор. Државните медиуми во Пакистан започнаа да објавуваат временска прогноза за целиот регион. Ова е сторено во минатото, не е првпат. Но, овој пат ќе биде детално. Не мислам дека Индија има добри намери. Бидејќи ова се закани, особено од министрите на Индиската народна партија (БЈП) за напад врз Азад и Кашмир и оспорување на суверенитетот на Гилгит-Балтистан.
Ова беше дел од нивната стратегија. Но тоа им се врати, бидејќи овој чекор или погрешен чекор го сврте вниманието на лошата состојба во која се наоѓа народот на Џаму и Кашмир.
АА: Поминаа девет месеци откако Индија го укина специјалниот статус на Џаму и Кашмир. Дали го потенцирате пристапот на Индија за користење дипломатски, морални и политички средства за решавање на прашањето за Кашмир? Каков напредок е постигнат досега?
МК: Знаете, веднаш по 5 август, светот се фокусираше на лошата состојба на луѓето во Кашмир. Со текот на годините, меѓународните медиуми, парламенти, тинк-тенк организации и донесувачи на одлуки изразуваа ставови и има зголемување на поддршката за ова. Сетете се, по 50 години дојде до неофицијално заседание на Советот за безбедност на ОН, иако не е дадена никаква изјава. Но и тоа беше некој вид напредок.
Меѓутоа, поради внатрешните и надворешните фактори, вклучително и Брегзит, процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп и сега ограничувањата поради Ковид-19, овој процес е стопиран. Односно, вниманието е насочено во друга насока. Но, можам да кажам дека народот и администрацијата на Азад и Кашмир, водачите на Пакистан и заедниците од дијаспората, со енергија и страст од сите делови на светот се натпреваруваат за да ги посочат потезите на Индија и да ја подигнат свеста за ова прашање.
Ковид-19 беше користен од Индија како средство за отстранување на Кашмир од дипломатската агенда. Таа направи потези под плаштот на пандемијата. Само минатиот месец, повеќе од 40 млади луѓе беа убиени во операции за пребарување и опсада.
Второ, тивко и во текот на ноќта, таа донесе правила за престој, кои се заговор, а со цел да ја окупира земјата на Кашмирците, ги лиши од политички и граѓански права, ги раселуваше и тука ги смести Хиндусите донесени од сите делови на светот. Ова е злонамерен план што таа започна да го спроведува.
- Потребни се посеопфатни напори -
МК: Во моментов во Кашмир живеат стотици илјади мигранти работници од сите делови на Индија и тие се т. н. Хинду-бегалци од Западен Пакистан. Зборуваме за милиони луѓе кои ќе бидат сместени во Кашмир, со цел да ја сменат демографската структура тука. Претпоставувам дека немам многу оптимистичко сценарио во моментот кој можам да го претставам сега. Нашата расправија се продлабочи, тешкотиите се зголемија, па затоа треба да ја забрзаме работата и да работиме на различни полиња.
Тој се заблагодари на АА, велејќи: „Во овие мрачни денови станавте одличен глас за луѓето од Џаму и Кашмир. Благодарни сме на сите вас.“
АА: Како овој закон за домување ќе влијае врз демографската област и кои се мерките што ги презеде вашата Влада за да ги спречи овие последици?
МК: Се обидуваме да допреме до меѓународната заедница. Се обидувам да ги предупредам за ова, за овој несреќен настан. Индија не само што се обидува да ја смени демографијата на подрачјето под опсада, туку се обидува да го намали и бројот на муслиманските претставници во Парламентот. Затоа што, ако таму повторно формира вештачка политичка класа, можеби ќе ѝ даде право да се претставува во овој парламент. Таа користи трикови и води процес на ограничување за да го намали бројот на муслиманите во различни изборни единици.
Ја известуваме меѓународната заедница, и покрај протестите, и соопштенијата на Министерството за надворешни работи на Пакистан, не е воспоставен директен контакт со Индија. Ние му пишуваме на шефот на Советот за безбедност на ОН и на генералниот секретар на ОН.
Ги поздравуваме напорите направени од Владата на Пакистан. Но, мислам дека тоа не е доволно и дека напорите треба да бидат сеопфатни. Поради проблеми во комуникацијата, не само претставници на власта или политички лидери, туку и меѓународната заедница, дијаспората на Кашмир и пакистанската дијаспора треба да пишат директно до генералниот секретар на ОН, шефот на Советот за безбедност на ОН, Високиот комесаријат за човекови права, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Оваа комуникација може да биде во форма на писма.
Тој зборуваше и за законите за домување, ги спореди овие закони со Нирнбершките закони кои во 1930 година ги донесе Хитлер. Овие закони имаа за цел да ги лишат Евреите со германски идентитет и потоа да ги сместат во концентрациони логори во кои се палени и убивани. За населението во Кашмир се подготвени планови од истиот вид. Прво станаа странци, намален им е статусот. Создадоа толку стрес, што луѓето започнаа да мигрираат и во одредени делови на светот станаа оние кои се без држава. Тоа е она што се случува.
„Предупредувам дека се случува нешто лошо и дека е потребно да се побрза и навреме да се одговори, инаку, можеби ќе биде доцна. Доколку не добиеме поддршка од меѓународната заедница, за три години во Кашмир можеме да видиме едно сосема поразлично сценарио. Истовремено му се заблагодарувам на Ердоган и на целиот турски народ за цврстиот став и поддршката во овие тешки времиња“, изјави Кан.
- Моментално нема мерки за изградба на довербата -
Меѓутоа, во последно време Индија започна тоа да го нарекува внатрешно прашање и да зборува дека со Пакистан нема да започнува никакви преговори во врска со Кашмир. Вели дека ќе го нападне Азад Кашмир, каков процес можеме да изградиме во ваква средина? Кога зборуваме за изградба на доверба и дијалог, сакам да укажам и на значењето на дипломатските интеракции.
Индија ги користи зборовите војна, конфликт, напад и уништување. Уништувањето инаку се случува во Џаму и Кашмир, кој е под индиска окупација. Во моментот, геноцидот се случува во таква атмосфера во Џаму и Кашмир. Не можете да имате процес на градење доверба. Каква доверба може да има помеѓу убиецот и оној што е убиен? Каква доверба сакате да градите?
АА: Пакистанскиот премиер Имран Кан често вели дека Индија се подготвува за разни операции. Дали вашата администрација се подготвува за најлошото сценарио на кој било начин?
МК: И ние сме подготвени да ги уништиме лошите планови на Индија, подготвени се и Вооружените сили на Пакистан, народот на Пакистан и народот на Азад Кашмир. Да, постојат одредени ситуации кои индицираат дека Индија планира нешто. Од јануари годинава се убиваат Кашмирците. Покрај тоа, по Ковид-19 таа почна да ги убива младите момчиња. Таа сè почесто го крши примирјето и почна да кажува лаги.
Покрај тоа, таа вели дека на подрачјето под опсада има нови единици или нови, домашни организации. Претходно рече дека бројот на милитантите е околу 250, сега вели дека има многу повеќе и дека станува збор за 350 милитанти поддржани од Пакистан. Пред неколку дена, индиски воени команданти, началници за разузнавање и советници за национална безбедност се состанаа и планираа заговор. Затоа сме подготвени за операцијата на измама.
Не смеете да го игнорирате овој напад против територијата на Азад Кашмир, затоа што на прес-конференциите е јасно кажано дека ќе го нападнат Азад Џаму и Кашмир. Ваквите зборови доаѓаат од министерот за одбрана и во исто време премиерот на Индија, Нарендра Моди. За време на еден Ден на републиката, велеа дека можат да го уништат Пакистан за десет дена. Она што сакам да го истакнам е дека Индија користи една агресивна реторика. Ние сме подготвени, но треба да се направи повеќе. Она што им го кажувам на луѓето е: да, таму има вооружени сили, но треба да бидеме подобро подготвени на ниво на население за воени операции и цивилна одбрана. Не знаеме каков напад може да се случи. Со сигурност можам да кажам дека нема да има нуклеарна војна. Индијците сакаат да пробаат нешто под нуклеарниот праг. Затоа мора да бидеме подготвени за сите можности.
- Војна против заразата во Џаму и Кашмир -
АА: Во моментот целиот свет е во состојба на шок поради вирусот. Каква е состојбата во Кашмир кој вие го контролирате и колку ефикасно ја контролирате заразата?
МК: Имаме многу среќа затоа што има многу малку потврдени случаи на заразување. Пријавени се 88 случаи на заразување и еден смртен случај. Во нашиот регион има најмалку случаи на заразување со коронавирусот. Можам да кажам дека ефикасно имплементираме изолација од самиот почеток.
Властите презедоа ефективни чекори. Во почетокот имаше одредени проблеми, но набавивме респиратори, заштитна опрема, маски, средства за дезинфекција. Формиравме 60 нови карантински центри и ќе формираме изолациски болници во 10 подрачја. Лекарите, медицинските техничари, сите здравствени работници, полицијата, администрацијата, сите направија фантастична работа на фронтот.
Народот на Пакистан и народот на Азад Кашмир постигнаа соработка, како и верските службеници. Тие го водат народот. Ова беше многу успешен експеримент за Азад Џаму и Кашмир. Дозволете ми да зборувам за другата страна. Верувам дека се жалат дека немаат доволно респиратори или заштитна опрема. Бројот на лекари во однос на населението, во споредба со Индија, е многу слаб. Сакам да кажам дека има по еден лекар на секои 3.900 жители на Кашмир, но еден војник на секои девет Кашмирци. Ова е неодамна објавена бројка и многу се дискутираше за неа. Ова ја покажува состојбата во Кашмир под индиска контрола.
Но, колку што можам да видам, Моди е повеќе смртоносен од коронавирусот во Кашмир, бидејќи 40 лица загинаа за четири недели, а деветмина починаа од коронавирусот во исто време. Можете да споредите проценти. Поради суспендирање на мрежата 4Г, не може да се обезбеди целосна поддршка во болниците во Сринагару и во другите делови. Има многу смртни случаи и луѓето не се поддржани во вистинско време.
Она што не можам да сфатам е дека тие не ги предаваат телата. Во некои ситуации, телата од починатите поради Ковид-19 се предадени на семејствата, но телата на мачениците не се предаваат на семејствата.
- Незамисливи тврдења -
АА: Медиумите известуваат дека Пакистан испраќа пациенти позитивни на Ковид-19 во Азад Џаму и Кашмир и во Мирпур. Која е вистината? Дали дозволивте луѓето во соседните области на Пакистан да бидат ставени во карантин во Мирпур?
МК: Ова е незамисливо тврдење од Индија кое е смешно. Таа вели дека Пакистан испратил 10 пациенти позитивни на Ковид-19 во Азад и Кашмир и дека Азад Џаму и Кашмир ги упатил овие пациенти на окупираните подрачја. Не можете да очекувате пациенти со Ковид-19 да патуваат со група други луѓе и да преминуваат големи надморски височини. Исто така, откако ќе ги надминат сиве овие пречки и ќе стигнат до Кашмир, дали ќе можат да играат улога против распоредените трупи таму?
Ова е конкретно еден дел од тактичката книга на министерот за пропаганда на Хитлер, Гебелс. Тој велеше дека ако повторувате една лага, луѓето ќе започнат да веруваат во неа по некое време. Како и случајот со нивните претходни лаги, целта на ова е да се убедат нетолерантните Хиндуси (хинду-националисти) дека муслиманите во вакви околности се обидуваат со вирус да ги нападнат луѓето од Џаму и Кашмир. Во Индија, тие сигурно веќе ги обвинуваат сите муслимани за ширењето на Ковид-19.
- Зголемување на бројот на заразени од Ковид-9 во Кашмир во Индија
АА: Епидемијата направи пустош долж целата контролна линија. Бројот на случаи на заразени кои се регистрирани во Кашмир минатиот месец, сега е шестократно зголемен. Станува збор за огромна бројка. Дали постои можност или напор да им се помогне на тие луѓе?
МК: Некои информативни портали објавија наслови дека жителите на Кашмир ќе умрат како животни поради слабоста на индиските закони кои се однесуваат на заболените од коронавирусот. Ќе се сетите дека шест меѓународни организации за човекови права го повикаа Моди да ги ослободи политичките затвореници. Ќе се сетите и дека една индиска невладина организација објави дека Индија киднапирала и затворила околу 13.000 млади момчиња. Намерно го користам зборот момчиња, бидејќи тука се опфаќаат и деца од 10 до 12 години. Не ја знаеме судбината на тие деца. Тие шест меѓународни организации го повикаа Моди и окупациската власт да го распуштат затворот „Тихар“ во Делхи и да ги ослободат политичките лидери и активисти во затворите во окупираните подрачја. Меѓутоа, од Индија нема никаков одговор.
АА: Видовме дека катастрофите што се случуваат во многу регии низ светот помагаат во создавањето на подобри односи меѓу земјите и поттикнуваат соработка. Неодамна владите и вооружените групи во Јемен, Филипини, Тајланд и Колумбија, го сослушаа повикот на Обединетите нации (ОН) за прекин на огнот во периодот на пандемијата на коронавирусот. Меѓутоа, регионите Џаму и Кашмир се далеку од тој мир. Зошто?
МК: Индија ги одби сите повици на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права и на други меѓународни организации. Се разбира дека сме во потрага по мир, но таа за тоа не сака ни да чуе. Бидејќи во Делхи е присутна фашистичка влада, не се осврна на повикот на генералниот секретар на ОН за глобален прекин на огнот и на повиците за прекин на насилствата во целиот свет. Всушност, под плаштот на Ковид-19, Индија ги зголеми насилствата над населението на Џаму и Кашмир, објавувајќи му војна.
- Се разбудија арапските земји
Линчот над муслиманите ги разбуди арапските држави. Фала му на Господ, Кувајт се разбуди, исто така и Обединетите Арапски Емирати. Тие земји молчеа за бруталноста на Индија против народот на Кашмир и за систематската дискриминација и насилството над индиските муслимани.
Упатија повик до Индија, првенствено поради насилството над муслиманите и поради ширењето на исламофобијата. Тие, исто така, во тој повик го вклучија и Кашмир. Тоа во извесна мерка е добра вест за Кашмир, но морам да кажам дека Индија се обидува да ги заостри своите наредби кои забрануваат разговор со медиумите во Кашмир. Знаете дека бројни новинари беа на нишан и можам да кажам дека Мусарат Зехра Пирзада Ашик е притворен како пример за останатите, односно за другите да не кажат ниту збор за случувањата. Всушност, Кашмир во моментов е затвор без граѓански слободи.
АА: По земјотресот во 2005 година, во кој загинаа речиси 90.000 лица, во Кашмир се разви еден вид соработка меѓу Индија и Пакистан, главно во вашиот дел. Тоа помогна во отворањето на контролната линија на пет места и продолжи со трговија долж контролната линија. Зошто овој пат не постои таква соработка која би им помогнала на луѓето преку контролната линија?
МК: Кога нема смртни страдања, може да дојде до соработка. Кашмир и Пакистан се во војна која ја наметна Индија. Контролната линија е чувствителна. Окупаторските сили ги заземаат териториите на Кашмирците и им ги одземаат нивните основни права. Во вакви околности невозможна е соработката од 2005 година.
Знаете, морате да имате на ум дека станува збор за друг период. Тогаш Пакистан и Индија разгледуваа можности со помош на мерки за изградба на доверба, а тоа го поддржаа и Кашмирците. САД ги охрабрија земјите од регионот. Меѓутоа, овој пат Индија ги затвори сите врати и BJP и RSS (Национална организација на волонтери) сакаат да го анектираат Џаму и Кашмир и да го уништат Пакистан. Каква соработка можеме да воспоставиме во такви услови?
news_share_descriptionsubscription_contact
