АНКАРА (АА) – Во последниве години интересен е фактот што на ниво на цела Европа постои подем на жените-лидерки и членки во екстремно – десничарски партии, јавува Anadolu Agency (AA).
На Европскиот континент, постои подем на екстремно-десничарските партии, кои собираат гласови користејќи ја бегалската криза, посебно со нивните антиисламски и изјави против странците, обидувајќи се да ги потиснат централно-десничарските и левичарските партии, кои традиционално се на власт.
Во овие партии, посебно внимание привлекуваат жените – политичарки, кои се во преден план. Меѓу најпознатите е лидерката на екстремно-десничарскиот Народен Фронт во Франција, Марин Ле Пен, која е и кандидатка за претседател на претстојните избори, кои во два круга ќе се одржат во април и во мај.
Фраук Петри - претседателката на екстремно-десничарската германска Партија - Алтернатива за Германија (АфД), Беата Шидло - премиерката на Полска, Пиа Кјерсгард - претседателката на данскиот парламент и Сив Јенсен - министерка за економија на Норвешка и претседателка на Партијата за развој, често се присутни во јавноста со политиките кои ги застапуваат.
- Семејството на Ле Пен -
Во француската политика, со своите екстремно – десничарски ставови во преден план излегуваат лидерката на Народниот фронт и кандидатка за претседател Марин Ле Пен и нејзината внука Марион Марешал Ле Пен.
Марин Ле Пен, која е кандидатка за претстојните претседателски избори во Франција закажани за 23. април и 7. мај, е ќерка на поранешниот лидер на Народниот Фронт, Жан-Мари Ле Пен, кој на претседателските избори во 2007 година имаше добиено 10 отсто од гласовите. Се претпоставува дека Марин Ле Пен многу лесно ќе го помине првиот круг од изборите. Партијата на Ле Пен на локалните избори во 2015 година доби 27,7 отсто од гласовите.
Доколку Ле Пен ги добие овие избори, ќе стане првата жена – претседателка на Франција, позната по нејзините популистички изјави и строгиот став. Ле Пен, која претходно како адвокат ги водеше тужбите за депортација на нелегалните мигранти, има антимигрантска и анти–ЕУ политика.
Таа изјави дека доколку биде избрана за претседател, следејќи го примерот на „Брегзит“ во Британија, ќе предложи референдум т.н. „Фрегзит“, за излез на Франција од Унијата.
Ле Пен исто така е позната по нејзините антиисламски ставови, но се забележува дека пред изборите, нејзиниот говор е омекнат.
Големи реакции во јавноста привлече нејзината споредба на муслиманите, кои во 2010 година во Франција изведуваа молитва на отворено, со нацистичките окупатори.
- Петри во Германија -
Фраук Петри, која во 2015 година го презеде местото на про–европскиот претседател на партијата АфД во Германија, Бернд Лук, е позната по нејзините антиисламски и антимигрантски ставови и изјави.
Петри смета дека германската полиција треба да пука кон бегалците кои влегуваат по илегален пат во државата.
Минатата година, партијата на Петри под мотото „Исламот не е дел од Германија“, објави нов извештај во кој повика да се забранат минарињата на џамиите, езанот и шамиите.
Петри и нејзината партија, на претстојните парламентарни избори во септември во Германија, како цел ја земаат канцеларката Ангела Меркел поради нејзиното прифаќање на мигрантите.
- Жената која ги затвори вратите за мигрантите во Полска -
Заменик претседателката на националистичката и десничарска Партија на правдата и правото, Беата Шидло, е третата жена – премиерка на Полска. Шидло, минатата година, по терористичките напади во Брисел изјави дека Полска нема да прифаќа бегалци.
- Норвешката антиисламски настроена „железна дама“ -
Сив Јенсен од 2006 година е претседателка на Партија на развојот која води антиисламската и антимигрантска политика во Норвешка. Позната е како „Норвшката Маргарет Тачер“, односно „железната дама“.
Моментално, во коалициска влада таа ја врши функцијата министер за финансии, а го привлекува вниманието со нејзините антиисламски изјави. Со изјавата: „Норвешка е соочена со опасност од подмолна исламизација“, Јенсен предизвика големи реакции во јавноста.
- Претседателката на дансккиот Парламент избрана за „Расист на годината“ -
Претседателката на данскиот Парламент, Пиа Кјерсгард, која во периодот од 1995 до 2002 година беше лидер на екстремно-десничарската Данска народна партија, е позната по своите антимигрантски и против мултикултуролошки ставови.
Кјерсгард, која е против Европската Унија, потенцира дека Данска треба да си го заштити правото на суверенитет. Во 2000 година, пред референдумот за прифаќање на еврото како парична валута водеше силна кампања „против“.
Кјерсгард е избрана за „Расист на годината“ од страна на шведското списание „Гринго“.
- Жените даваат помалку гласови на екстремно-десничарските партии -
Социолошките истражувања покажуваат дека традиционално во Европа, жените наспроти мажите, помалку гласаат за партии кои застапуваат екстремно-десничарски политики. Се оценува дека левичарските партии генерално ги добиваат поголемиот број гласови од жените бирачи, поради фактот што ги бранат женските права и родовата еднаквост.
Се вели дека екстремно-десничарските партии во својата агенда не им даваат големо значење на темите како што се родовата еднаквост, и не зборуваат за темите поврзани со еднаквоста на жените во политиката, или пак родовата еднаквост во платите.
Од друга страна, експертите истакнуваат дека централно – левичарските партии, наспроти десницата, се неуспешни во претставувањето на жените. Како примери се наведува, Лабуристичката партија во Британија, која досега нема избрано ниту една жена – лидер, како и шведската влада, во која, иако претежно има жени, досега ниту една жена не била на функцијата претседател или премиер.
Жените, кои се во преден план на екстремната десница, во Европа се обидуваат да ги добијат и гласовите на хомосексуалците.
- Полот се користи за критика кон муслиманите -
Екстремно-десничарските партии во Европа не се двоумат да ги користат како материјал нападите брз жените во нивните популистички политики, во регионите кадешто живее претежно муслиманско население во Европа.
Ле Пен, во текст за еден француски весник, повика на референдум во врска со миграциите во Франција, користејќи ги тврдењата дека на новогодишната ноќ во 2015 година во Келн, во полови напади биле вмешале лица „со арапски или северно-африкански изглед“.
„Се плашам дека бегалската криза започна да им стави крај на женските права“, напиша Ле Пен во текстот.
Од друга страна, пак, екстремно-десничарските партии, кои се обидуваат шамиите на жените муслиманки да ги покажат како симбол на притисок врз жените, посегнуваат кон сексистички дискурс, бранејќи го законот против марамите, како наводно „ослободување на жените“.
news_share_descriptionsubscription_contact
