Zehra Nur Düz,Dilara Hamit
31 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
ЛОНДОН
Премиерката на Британија, Тереза Меј, се соочува со ризик на „потполно паѓање на Владата“, доколку не успее во Парламентот да го протурка Договорот за Брегзит, наведува британскиот лист „Сандеј тајмс“ („Sunday Times“), пренесува Anadolu Agency (AA).
Покрај тоа, растат и шпекулациите дека Меј би можела да побара и одржување на предвремени избори.
Локалните медиуми наведуваат дека најмалку шест министри најавиле оставки ако премиерката се одлучи за излез од ЕУ без договор.
Од друга страна, министрите кои го поддржуваат Брегзит, се закануваат со заминување од Владата, доколку Меј се одлучи да остане во царинската унија со ЕУ или ако побара одложување на Брегзит.
Да потсетиме, британскиот Парламент во петокот по третпат го отфри Договорот за повлекување од Европската Унија (ЕУ).
Лидерите на ЕУ, на барање на британската премиерка Тереза Меј, минатата недела одлучија излезот на Велика Британија од ЕУ, првенствено предвиден за 29 март, да го одложат за 12 април.