Associated Press
19 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
КАИРО (АА) - Либиската крајбрежна стража во изминатите два дена во Средоземното Море спаси 186 мигранти и извлече тела на најмалку пет удавени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на либиската морнарица, Ајоуб Џасем, изјави дека се спасени сите мигранти кои се згрижени во морнарската база во Триполи и мигрантскиот камп во Tаверга.
Меѓу спасените мигранти се наоѓаат голем број жени и деца кои со неадекватни пловила се обидувале да стигнат до тлото на Европа.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога за време на масовните антирежимски протести е убиен Муамер Гадафи. Оттогаш се на власт паралелните влади со седишта во Триполи и Тобрук, кои имаат одвоени парламенти и вооружени сили.
Кон крајот на 2015 година претставниците на паралелните либиски влади под покровителство на ОН потпишаа договор за формирање на Владата на национално единство.
Планот беше таа Влада да ја преземе власта во земјата и во рок од 12 месеци да распише парламентарни избори. Поради продолжување на несогласувањата, тоа досега не се имплементираше во потполност, па Либија е и понатаму далеку од безбедна и политички стабилна земја.
Како таква, Либија стана една од главните рути по која мигрантите од сиромашните африкански земји се обидуваат да стигант до европските земји.
Во сузбивање на илегалните миграции на Медитеранот, на либиските сили помош им дава и ЕУ.