Enes Canlı
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Милицијата на Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили во Либија, изврши напад во двор на училиште во Триполи, во кој има жртви и повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на силите на Владата на национално единство, која е легитимен претставник на Либија во рамките на Обединетите нации (ОН), милицијата на Хафтар, во рамки на нападите кои ги врши неселективно во подрачјето на Хадба, на 10 километри јужно од центарот на Триполи, погоди двор на училиште.
Се соопштува дека во нападот има жртви и повредени лица.