Aness Suheil Barghoti
28 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека го повлекол своето барање за парламентарен имунитет во три корупциски случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Пред неколку минути му соопштив на портпаролот на Кнесетот дека го повлекувам барањето за имунитет и ги отфрлам тврдењата против мене“, напиша Нетанјаху на неговиот профил на Фејсбук.
Израелскиот премиер се соочува со обвиненија кои вклучуваат поткуп, измама и кршење на довербата во три различни случаи.
Премиерот изјави дека тој утринава го информирал Јули Еделштајн, портпаролот на Кнесетoт, за неговата одлука.
„Нема да дозволам моите политички противници да ја користат оваа работа за да се мешаат во историскиот потег што го водам“, истакна Нетанјаху.
„Како што правев целиот мој живот, ќе продолжам да вложувам сѐ за иднината на нашата земја и за вас, граѓаните на Израел“, додава тој.
За барањето на Нетанјаху Кнесетот треба да гласа утре.