Said İbicioğlu
21 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Морнарицата при Владата за национално единство на Либија спаси 301 мигрант на отворени води во близина на градот Ел Караболи, кој се наоѓа 60 километри источно од либискиот главен град Триполи, се вели во соопштението на либиската морнарица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се наведува дека на отворени води спасени се 301 мигрант од 12 различни африкански земји, од кои 46 деца и 3 жени, кои патувале со два чамца.
Дел од мигрантите кои сакаат да одат во Европа, преминувајќи ги пустината Сахара и Средоземното Море, се киднапирани од страна на трговците со луѓе, а дел од нив го губат својот живот во пустината или во морето.
Претседавачот на Претседателскиот совет на морнарицата при Владата за национално единство, Фаиз ес Серач, минатиот ноември изјави дека бројот на мигрантите во Либија надмина половина милион поради илегалните миграции.
Според локалните, но и меѓународните официјални извори, во Либија се наоѓаат мигранти од 24 различни земји, од кои 95 отсто се Африканци кои преку Средоземното Море сакаат да преминат во Европа.