Abdulselam Durdak
21 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
ФРАНКФУРТ (АА) - Германија заработи околу 2,9 милијарди евра од грчките обврзници од 2010 година, кога на Грција ѝ беше даден првиот пакет за помош, пренесува Anadolu Agency (AA).
Одговорот на германската Влада на парламентарната истрага на Партијата на зелените, откри дека Германија имала финансиска заработка од процесот на грчката криза.
Според тоа, Германија заработила околу 2,9 милијарди евра од грчките обврзници од 2010 година, кога на Грција ѝ беше даден првиот пакет за помош, додека само во 2013 и 2014 година, дел од заработениот износ им е префрлен на Грција и на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ).
Според одговорот на Федералната влада, приходите за кои станува збор, во голема мера се резултат на грчките државни обврзници, купени во рамките на Програмата на пазарот на хартии од вредност (SMP) на Централната банка на Германија (Bundesbank).
Овој профит првин е префрлен во Централната банка на Германија, а потоа во федералниот буџет.
Од друга страна, денес ќе се одржи состанокот на Еврогрупата на министрите за финансии на 19 земји членки на ЕУ, кои го користат еврото како валута. Се очекува дека на состанокот ќе се донесе одлука за завршување на програмата за спасување на Грција.