Ekipa
17 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
ГАЗА (АА) - Исмаил Ханије, шефот на политичкото биро на палестинската група на отпорот Хамас, му честиташе на талибанското движење за крајот на американската окупација на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ханије телефонски разговараше со талибанскиот лидер Абдул Гани Барадар.
Ханије во таа прилика изјави дека крајот на американската окупација на Авганистан е вовед во пропаста на сите окупациски сили, пред сè и на израелската окупација на Палестина, се наведува на интернет-страницата на Хамас.
Барадар изрази благодарност до Ханије поради телефонскиот повик, посакувајќи ѝ на Палестина победа и јакнење како резултат на нивниот отпор.
Лидерот на талибанците ги повика сите држави да го поддржат палестинскиот отпор.
Талибанците го зазедоа Авганистан откако во неделата ја презедоа контролата врз главниот град Кабул и сега се наоѓаат во процес на воспоставување Влада.