Ekipa
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
МАДРИД (АА) - Градските власти на Мадрид соопштија дека нивото на смог во воздухот опадна доволно за да се укине мерката „пар-непар“, со која во четвртокот беше ограничена циркулацијата на сообраќајот во градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Инес Сабанес, член на Градскиот совет за заштита на животната средина, денес изјави дека ограничувањето на транспортните возила со парни или непарни регистарски таблички е завршено и дека нема да биде продолжено.
Таа додаде дека остануваат во сила другите мерки воведени во средата, вклучувајќи ja и забраната за паркирање на улиците за нерезиденти и намалување на ограничувањeто на брзината.
Мадрид во средата донесе одлука за ограничување на сообраќајот на парни и непарни регистарски таблички, поради високото ниво на азот диоксид во воздухот.
Сабанес исто така, рече дека прогнозите укажуваат на тоа оти временските услови и понатаму ќе бидат лоши поради недостатокот на врнежи и ветер, но дека владата ќе продолжи да ја следи ситуацијата.