Admir Fazlagic
02 Јануари 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Дипломатка од македонската мисија во Обединетите нации (ОН) синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата за Медиумската информативна агенција (МИА) ја потврдиле од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.
„Од Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата", се наведува во објавеното соопштение.
Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со надлежните институции во Соединетите Американски Држави (САД) за сите детали околу трагичниот настан.
Медиуми во Њујорк објавија дека дипломатката во мисијата на ОН била пронајдена мртва во својот стан на Менхетен. Како што објавија медиумите, според соопштението на полицијата, немало никакви знаци на насилство.