Hajer M'tırı
13 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот колега Владимир Путин во телефонски разговор разменија мислења за најновите случувања во Сирија, соопштија денес од Елисејската палата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Разговорот се случи ден откако Макрон објави дека има доказ дека силите лојални на режимот на Башар ал Асад користеле хемиско оружје во Дума, Источна Гута.
Според наводите на „Бели Шлемови“, хемискиот напад се случи на 7. април а во него животот го загубија 78 цивили.
Макрон му кажал на Путин дека му е жал поради последното руско вето во Советот за безбедност на ОН, кој го спречи единствениот и цврст одговор за да се воспостави меѓународен механизам за утврдување на одгвоорноста за употреба на хемиското оружје во Сирија.
Русија во вторник стави вето на нацрт текстот со кој би се воспоставило ново стручно тело за утврдување на вината за наводните хемиски напади во Сирија.
Нацртот на резолуцијата на САД доби огромна поддршка во Советот за безбедност со 12 гласови за и само два против (Русија и Боливија), додека Кина беше воздржана.
Макрон нагласи длабока загриженост поради континуираното влошување на ситуацијата на терен. Од Елисејската палата додадоа дека Макрон посакал консултациите меѓу Франција и Русија да се продолжат и интензивираат за да донесат мир и стабилност во Сирија.