Sinan Doğan
10 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
БОГОТА (АА) - Во јужниот дел на Мексико, 54 лица ги загубија животите, а 59 се повредени кога камион со нерегулирани мигранти се превртел на автопат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Државното обвинителство на Мексико се наведува дека во сојузната држава Чиапас, камион кој превезувал нерегулирани мигранти, удрил во потпорниот ѕид покрај автопатот, по што се превртел.
Во несреќата животот го загубија 54 лица кои се наоѓале во камионот, а 59 лица се повредени, меѓу кои има и лица со потешки повреди.
Властите информираа дека во приколката се наоѓале 107 мигранти, од кои повеќето државјани на Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор.
Рутилио Ескандон, гувернерот на Чиапас, на социјалната мрежа Твитер изјави дека се солидаризира со жртвите и дека ќе бидат пронајдени одговорните за несреќата.
Обвинителството соопшти дека е започната истрага за несреќата.