Ekip
10 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европската Унија (ЕУ) би можела да донесе одлука за подолго одложување на Брегзит, од она што го побара британската премиерка, но дека би била доволно флексибилна и би ѝ дозволила на Велика Британија да го напушти блокот многу брзо откако Лондон ќе го одобри договорот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лидерите на ЕУ ќе се состанат подоцна во Брисел за да го разгледаат барањето на Тереза Меј за одложување на Брегзит до 30 јуни. Доколку не биде одобрено продолжувањето на рокот, Велика Британија ризикува во петок да ја напушти ЕУ без договор.
Меркел на германските парламентарци денес им кажа дека Брегзит без договор не е во нивен интерес.
„Би можело тоа да биде и подолго одложување од она што го бара британската премиерка, но ќе го обликуваме тоа одложување на начин Велика Британија, доколку го одобри договорот за излез, да може да го заврши својот уреден излез од ЕУ, и тоа многу брзо потоа, со двегодишен преоден период“, изјави Меркел.
Германската канцеларка не прецизираше колку би можело да трае продолжувањето на рокот.