Leila Thabti
16 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
БЕРЛИН (АА) - Германскaта канцеларка, Ангела Меркел, вчера во Берлин се сретна со новиот француски претседател Емануел Maкрон, а двајцата лидери ја нагласија потребата од реформирање на Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел по состанокот повика на, како што рече, нова динамика во односите меѓу Берлин и Париз, истакнувајќи дека интересите на двете земји се тесно поврзани.
Таа, исто така нагласи дека Германија во принцип е подготвенa да разговара и за измена на договорите на Европската Унија (ЕУ) доколку е тоа потребно.
„Би била подготвена да преземам таков чекор, но прво треба да утврдиме што сакаме да реформираме. Од германска гледна точка, можно е измена на договорите на ЕУ“, рече Меркел.
Таа додаде дека изборот на новиот претседател на Франција е добра шанса побрзо да се постигне напредок и во цела Европа.
„Ние можеме во овој проект да вдахнеме нова динамика. На Германија на долг рок ќе и оди добро сѐ додека во Европа е добро. А на Европа ќе ѝ биде добро само со силна Франција“, рече Меркел.
Таа спомена на крајот дека е многу важно ЕУ и еврозоната да станат отпорни на кризи.
„Заедно сметаме дека сега не треба да се занимаваме само со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, туку дека пред сѐ треба да размислиме на кој начин Европската Унија и пред сѐ еврозоната можеме да ги направиме поотпорни на кризи“, рече Меркел.
Макрон на прес-конференција иато така повика на како што рече, историска реформа на Европа, додавајќи дека сака помалку бирократска, а повеќе заштитничка Европа.
Тој додаде дека измените на договорите на ЕУ веќе нема да биде табу тема во Франција.
Инаку, посетата на Германија од страна на новиот француски претседател Maкрон е прва посета во странство откако ја презеде функцијата.