Ekipa
21 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел повторно вети дека големиот прилив на мигранти од 2015 година нема да се повтори, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел, која минатата недела го освои четвртиот мандат на функцијата канцелар, во првото обраќање во Парламентот, призна: „Дебатата за миграција ја подели и поларизира нашата земја до денешен ден.“
Таа во средата истакна дека Германија која во 2015 и 2016 година дозволи влез на повеќе од еден милион имигранти, може да биде горда.
„Се разбира, тоа значи дека ова беше исклучителна хуманитарна ситуација. Таквата хуманитарна ситуација не смее да се повтори“, додаде Меркел.
Германската канцеларка истакна дека договорот на Европската Унија и Турција од 2016 година, кој има за цел да го спречи доаѓањето на мигрантите и трговијата со луѓе, има многу противници, но дека таа секогаш ќе го брани.