Ekipa
02 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
МОСКВА (АА) - Германската канеларка Ангела Меркел допатува во официјална посета на Русија, што претставува прва посета на Русија во изминатите две години, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува разговорите на германската канцеларка Меркел и рускиот претседател Путин да бидат фокусирани на нерешените судири во Украина и на граѓанската војна во Сирија.
Канцеларката Меркел допатува денес во Сочи каде што ќе се сретне со претседателот Путин, но поводот за нејзината посета на овој руски град е подготовката за Самитот на лидерите на Г-20 во јули оваа година, кој ќе се одржи во германскиот град Хамбург.
Путин и Меркел за последен пат се сретнаа во октомври минатата година во Берлин, кога на мултилатералниот самит разговараа за кризната ситуација во источниот дел на Украина.
Состанокот се случува во период на напнатост поради воведувањето на санкции врз Русија поради Украина.