Mahmut Geldi
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
БЕЈРУТ
Министерката за информирање на Либан, Менал Абдусамед, поднесе оставка од министерската функција по силната експлозија која се случи на пристаништето во Бејрут, при што загинаа 158 лица додека се повредени над 6.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдусамед информацијата ја потврди за време на една телевизиска програма.
„Упатувам извинување на Либанците чии очекувања не можевме да ги исполниме. Нема да има промени во краток рок. Поднесувам оставка од мојата функција во Владата поради тоа што не остана некоја состојба која ќе ги исполни очекувањата на народот по катастрофата на пристаништето на Бејрут“, рече таа.
Од друга страна, официјалната новинска агенција на оваа земја „NNA“ соопшти дека пратеникот во либанскиот парламент Ниме Ефрам поднесе оставка како реакција во врска со силната експлозија во Бејрут.
Со ова, бројот на пратеници кои по експлозијата на пристаништето на Бејрут поднесоа оставка се зголеми на 5.