Turgut Alp Boyraz
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Министерот за енергетика на Израел, Јувал Штајниц, откако Советот за безбедност на ОН, со воздржаност од САД, ја усвои резолуцијата со која се бара завршување на изградба на илегалните израелски населби на окупираниот Западен брег и Источен Ерусалим, истакна дека Америка му свртела грб на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД му сврте грб на Израел, на својот единствен сојузник на Блискиот исток. Погодени сме по осумгодишното пријателство (со администрацијата на Обама)” , изјави Штајниц за израелската телевизија „Канал 2”.
Советот на безбедност на ОН вчера ја усвои резолуцијата со која се бара завршување на илегалното градење на израелските населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. САД по прв пат беа воздржани.
Резолуцијата со која се бара „ веднаш и потполно ” спречување на сите активности поврзани со илегалното градење на еврејските населби на окупираната палестинска територија, усвоена е со 14 гласови „за”.
Инаку, тоа е прва резолуција за израелско палестинските односи која Советот за безбедност на ОН ја усвои во речиси осум години.
Да подсетиме, споменатите нацрт резолуции ги предложија Нов Зеланд, Малезија, Венецуела и Сенегал.