Dmitri Chirciu
12 Септември 2019•Ажурирај: 14 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Заменик-министерот за одбрана на Русија, Александр Фомин, соопшти дека 128.000 војници ќе учествуваат на вежбата „Центар-2019“, која ќе се реализира во јужниот дел на Русија од страна на руската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Фомин во Москва одржа брифинг, на кој воените аташеи на странските земји и новинарите ги информираше за воената вежба „Центар-2019“, која ќе се одржи од 16 до 21 септември.
Тој нагласи дека вежбата ќе се реализира во Оренбург, Астрахан, Челјабинск, Алтај, Кемерово во Русија.
„На вежбата ќе учествуваат 128.000 војници, над 20.000 воена опрема, околу 600 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, над 200 тенка и околу 15 воени бродови“, додаде тој.
Фомин информираше дека главната тема на оваа вежба е борбата против меѓународниот тероризам, како и осигурување на безбедноста на Средна Азија, и дека на вежбата ќе учествуваат воени единици од осум земји.
Според него, вежбата ќе се реализира во две фази. „Во првата фаза ќе се врши истражување на состојбата, ќе се земаат одбранбени мерки против воздушни напади и ќе се планира управувањето на единиците. Во втората фаза, војската која ќе се состои од различни нации, ќе врши напад против имагинарен непријател“, додаде Фомин.
Инаку, Русија минатата година ја реализираше вежбата „Восток-2018“, со учество на 297.000 војници.