Mehmet Yılmaz
09 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
БУДИМПЕШТА
Безбедносните сили на Унгарија во последните 3 дена спречија 616 бегалци да влезат во нивната земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Унгарската Национална полиција соопшти дека од границите се отстранети 616 бегалци, кои се обиделе да влезат во земјата во последните 3 дена.
Во соопштението, исто така, беше истакнато дека 1.039 бегалци се спречени да влезат во земјата во периодот од 26 јули до 1 август, а 1.403 бегалци во периодот од 2 до 8 август.
- Мерки што Унгарија ги презеде против бегалците
Со цел да ги запре бегалците, Унгарија постави бодликава жица на границите со Србија и Хрватска. Исто така, прогласи вонредна состојба во пограничните региони и ги зголеми казните за илегални премини.
Меѓу другото, беше соопштено дека бегалците што ќе бидат фатени низ целата земја ќе бидат изнесени од Унгарија преку границата на која е поставена жица.