Emre Gürkan Abay
09 Мај 2024•Ажурирај: 10 Мај 2024
МОСКВА (АА) - Во складиште со нафта во рускиот Краснодарск изби пожар денес поради напади со беспилотни летала, јавува Анадолу.
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека инцидентот се случил во градот Анапа.
Во соопштението се наведува дека имало напад од страна на шест беспилотни летала кои биле соборени и при падот го оштетиле објектот предизвикувајќи пожар.
Нема информации за жртви, а гаснењето на пожарот сѐ уште трае.
Неодамна имаше голем број напади со беспилотни летала врз нафтени постројки во близина на границата на Украина со Русија, што доведе до затворање на некои објекти заради поправки.