Associated Press
18 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Маж во петокот со остар предмет нападна патници на Меѓународниот аеродром во американскиот град Сан Франциско, повредувајќи три лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лицето пристигнало на аеродромот, заминало до меѓународниот терминал, се движело по терминалот за заминување и го извлекло ладното оружје пред да ги нападне тројцата патници, соопшти полицијата.
Патниците биле во зоната пред контролата на патниците кога биле нападнати, изјави за локалните медиуми Расел Меккеј, вработен на аеродромот.
Полицијата го привела напаѓачот, чиј идентитет не е соопштен.
Жртвите се здобија со полесни повреди и го продолжија своето патување, а настанот не влијаеше на работата на аеродромот.
Меккеј изјави дека не е познато дали осомничениот бил патник, а не се знае ниту мотивот за нападот.