Melike Pala
03 Септември 2025•Ажурирај: 04 Септември 2025
БРИСЕЛ (АА) - Најмалку 15 лица загинаа, а 18 се повредени вечерва кога историскиот фуникулар „Глорија“ во Лисабон излета од шините и удри во зграда на Руа да Глорија, според португалските медиуми, пренесува Анадолу.
Несреќата се случила кратко по 18 часот по локално време додека фуникуларот се спуштал од видиковецот Сао Педро де Алкантара кон Рестаурадорес, објави весникот „Диарио де нотисијас“.
Службите за итни случаи ги извлекле сите жртви од местото. Девет лица од повредените, меѓу кои пет се во сериозна состојба, додека тројца други, меѓу кои и едно дете со полесни повреди, се префрлени во болниците.
Причината за излетувањето од шините е непозната. Судската полиција започна истрага за да ги утврди причините и дали се вклучени кривични фактори.
Канцеларијата за спречување и истрага на несреќи со авиони и железници (GPIAAF) ќе започне со собирање докази, поради ограничените ресурси во областа.
Претседателот Марсело Ребело де Соуза изјави дека „длабоко жали за несреќата, за загубените животи и сериозно повредените, како и за неколкуте полесно повредени“.
Тој изрази сочувство и солидарност со семејствата на жртвите, изразувајќи надеж дека трагедијата брзо ќе биде разјаснета од страна на надлежните.
Владата најави дека ќе прогласи национална жалост.
„Лисабон е во жалост. Ова е трагедија каква што никогаш се нема случено во нашиот град“, рече градоначалникот Карлос Моедас.