Esat Fırat,Muhammed Semiz
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
КУДС (АА) - Најмалку 17 Палестинци се повредени во судирите со израелските сили во Стариот Град на окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Израелската полиција интервенира со гумени куршуми и звучни бомби додека Палестинците учествуваа во прославите по повод роденденот на исламскиот пророк Мухамед“, се вели во соопштението на палестинската Црвена полумесечина.
Десетмина од ранетите се пренесени во болници, додека седуммина се згрижени на местото на настанот.
Израелската полиција попладнето интервенира со водени топови против младите Палестинци во областа на Стариот Град, особено кај портата Дамаск.
Во меѓувреме, бранителот на човековите права и адвокат Насир ел Авде за AА изјави дека израелската полиција уапси 15 палестински деца на возраст од 13 до 15 години околу портата Дамаск.