Ahmed Asmar
20 Август 2024•Ажурирај: 21 Август 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку шест цивили се убиени во израелско бомбардирање на градот Газа синоќа, соопшти , јавува Анадолу.
Тие загинале кога израелските сили гранатирале група цивили во бегалскиот камп Шати западно од градот Газа, изјави портпаролот Махмуд Басал.
Тој додаде дека неколкумина се убиени и во израелски напад врз куќите во населбата Ал Туфах во градот Газа, ненаведувајќи точен број.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 40.139.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште од војната пред тој да биде нападнат на 6 мај.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.