Aness Suheil Barghoti
13 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, доби дополнителни две недели за да формира нова влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот претседател, Рувен Ривлин, денес одржа состанок со Нетанјаху, на кој го прифати неговото барање за продолжување на рокот за формирање влада, за две недели, објавија локалните медиуми.
Според израелскиот Основен закон, кандидатот за премиер добива период од 28 дена за формирање влада, а претседателот може да го продолжи за дополнителен период не подолг од 14 дена.
Нетанјаху го доби рекордниот петгодишен мандат на изборите одржани на 9 април, откако неговата десничарска партија Ликуд освои 36 места во Кнесетот (израелскиот Парламент).
Toj излезе на изборите соочувајќи се со обвиненија за корупција и поткуп во три случаи.
Ако успее да формира нова влада, Нетанјаху ќе биде лидер кој најдолго бил на функција.