Zehra Nur Düz
13 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) - Речиси половина од граѓаните на Европската Унија (ЕУ) ја гледаат екстремната десница како закана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од анкетата објавена од страна на компанијата „YouGov“, а спроведена во осум европски земји, покажаа дека 43 отсто од испитаниците сметаат дека растот на екстремната десница низ континентот претставува закана.
Компанијата го спроведе истражувањето во Германија, Франција, Белгија, Шпанија, Италија, Полска, Шведска и Унгарија, на речиси 8.000 испитаници.
Германија со 56 отсто е прва како земја во којашто граѓаните имаат најголема перцепција дека подемот на екстремната десница претставува закана, по која следуваат Шведска со 48 отсто и Шпанија со 45 отсто.