Ikrame Imane Kouachi
16 Февруари 2025•Ажурирај: 17 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одби да дозволи мобилни домови и тешка опрема да влезат во Појасот Газа и покрај договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.
Израелскиот јавен сервис КАН цитирајќи неименуван извор објави дека Нетанјаху одбил пристап на тешката механизација за расчистување на урнатините во енклавата.
Стотици илјади Палестинци останаа без покрив над главата за време на израелските напади врз Газа, во кои се убиени повеќе од 48.200 Палестинци.
Палестинското движење на отпорот Хамас во саботата ослободи тројца затвореници Израелци, откако посредниците гарантираа дека ќе ги отстранат пречките за влез на мобилни домови наменети за раселеното население и на тешката механизација.
Локалните палестински власти го обвинија Израел за кршење на хуманитарниот протокол од договорот за прекин на огнот кој вклучува пристап до помош како тенди и шатори.
Палестинските групи ослободија 19 израелски затвореници и пет тајландски работници во замена за 1.135 палестински затвореници во рамките на првата фаза од договорот.
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер и поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.