Elvir Hociç
05 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
МАДРИД (АА) - Близу 20 безживотни тела беа пронајдени во Алборанско Море кај Мароко. Најверојатно станува збор за мигранти, кои од Африка, преку илегален пат се обиделе да влезат во Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на изјавите на официјалните претставници на енклавата Мелил, шпанските медиуми објавија дека пловечките тела вчера биле приметени од страна на членови на екипажот на траектот Сороле.
Мароканските спасачки служби излегоа на терен и ги извлекоа телата, но институциите сѐ уште не го објавија точниот број на жртви.
Субахарските мигранти се повеќе ја користат шпанската рута преку Алборанско Море за доаѓање во Европа.
Од почетокот на годината по таа рута пристигнаа околу 1.300 мигранти, што е трипати помалку од бројот на мигранти кои преку Средоземното Море пристигнуваат во Италија.