Mehmet Akif Turan
14 Септември 2023•Ажурирај: 15 Септември 2023
МАРАКЕШ (АА) – Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди Мароко, јавува Анадолу.
Мароканскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот е регистриран во градот Иглил во регионот Ал Хауз.
Земјотресот бил почувствуван и во Маракеш и други градови.
Разорен земјотрес со јачина од седум степени го погоди Мароко минатата недела. Во овој силен земјотрес животот го загубија 2.946 луѓе, а 5.674 беа повредени.