Dmitri Chirciu
06 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
МОСКВА (АА) - Патнички авион денес по слетувањето излета од пистата на аеродромот во подрачјето на Краснојарски Крај, јавува Anadolu Agency (AA).
Авион „Boeing 737“ на компанијата „Нордстар“ (NordStar) со речиси 100 патници излета од пистата на аеродромот во градот Норилск, а според првите информации во несреќата нема настрадани.
До излетувањето дојде откако авионот слетал на пистата и значително го забавил движењето.
Ова е втора авионска несреќа во изминатите 24 часа во Русија.
Најмалку 41 лице загина при синоќешното принудно слетување на авион на московскиот аеродром „Шереметјево“. Авионот во текот на слетувањето е зафатен од голем пожар, а спасувачките екипи спасија 37 лица од авионот.
Истрагата за таа несреќа е во тек, а од авионот се извадени и двете црни кутии кои би требало да дадат повеќе информации за несреќата.