Murat Temizer
04 Јули 2022•Ажурирај: 05 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Штрајкот, кој ќе започне утре во норвешкиот енергетски сектор, се очекува да го намали извозот на природен гас од земјата за 13 проценти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Норвешката асоцијација за нафта и гас, синдикатите кои го претставуваат мнозинството енергетски работници во земјата ќе штрајкуваат бидејќи не постигнаа договор за платите.
Утре ќе започне штрајк на три полиња на море, а доколку не се најде решение, на 6 јули ќе биде стопирана работата на уште три полиња.
Со почетокот на штрајкот на овие полиња, производството на природен гас во земјата ќе се намали за 292.000 барели на дневна основа. Тоа значи намалување на извозот на природен гас за 13 отсто.
Од друга страна, се пресметува дека ќе има загуба од 130.000 барели дневно во производството на нафта.