Ekipa
21 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
ЊУЈОРК (АА) - Импресивно видео со дрон направено од Агенција Анадолија (АА) го прикажува ноќниот сјај на градот на облакодерите.
Познат отсекогаш по раздвиженоста и во ноќните часови со право го има епитетот „градот што никогаш не спие“.
Градот плени со гламурозната атмосфера на блескавиот хоризонт на Менхетен, како и со „Тајмс Сквер“ и познатата 42. Улица.
Њујорк го сочинуваат пет урбани целини, Бронкс, Бруклин, Квинс, Стејтен Ајленд и елитниот Менхетен низ кој минува познатата 42. Улица. На неа се наоѓа „Тајмс Сквер“ како и многу познати претставништва, меѓу кои и на Обединетите нации.