Mahmoud Mohamed Barakat
14 Август 2023•Ажурирај: 15 Август 2023
АНКАРА (АА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Јордан и Израел денес треба да одржат трилатерални разговори за размена на вода и енергија, јавува Анадолу.
Израелскиот министер за енергетика, Израел Кац, пристигна вчера во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, пред разговорите.
Главна тема на разговорите ќе биде како да се спроведе Декларацијата од 2021 година.
Кац потврди дека учествува во разговорите за подобрување на управувањето со водите и заедничките енергетски проекти.
Вчера јорданската државна телевизија објави дека на разговорите ќе учествува и делегација од Јордан.
Во 2021 година трите држави потпишаа Декларација за намера за започнување преговори за истражување на изводливоста на заеднички проект за енергија и вода. Проектот би можел да му овозможи на Јордан да добива 200 милиони кубни метри вода годишно.