Bayram Altuğ
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
ЖЕНЕВА (АА) – БАЈРАМ АЛТУГ -
Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), Филипо Гранди, истакна дека договорот помеѓу Турција и Русија за Идлиб треба да се заштити, потенцирајќи дека 3 милиони лица кои живеат во Идлиб, се изложени на ризик, јавува Anadolu Agency (AA).
Гранди одговараше на прашањата на Anadolu Agency (AA) за интензивните напади на силите на режимот и неговите поддржувачи врз деескалационата зона во Идлиб.
„Треба да се заштити договорот помеѓу Турција и Русија за Идлиб затоа што многу сме загрижени поради раселените лица во моментот“, рече Гранди.
„Три милиони лица, кои живеат во Идлиб, се изложени на ризик. Ова е проблем“, додаде тој.
Потсетувајќи на изјавата на Панос Моумтзис, хуманитарниот координатор на ОН за Сирија, кој предупреди дека ако се интензивираат конфликтите во северна Сирија, 2 милиона цивили ќе сакаат да влезат во Турција, Гранди рече дека не сака да направи какви било предвидувања за тоа.
- Последната ситуација во деескалационата зона во Идлиб -
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигнува 4 милиони луѓе. Од март 2015 е под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири.
На почетокот на 2018 година, силите на режимот ги зазедоа селата Синџар, Ебу Дали, Хиџаз, Ресим ел Абит, Ремле, Ум Џуреин и аеродромот „Ебу Зухур“, југоисточно од Идлиб. На тој начин, како резултат на интензивните напади, силите на режимот во границите на покраината Идлиб влегоа од југоисточен правец.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Нападите се интензивираа за време на 12-тиот состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25-26 април во Нурсултан, главниот град на Казахстан.
Извори од Цивилната одбрана (Бели шлемови), соопштуваат дека во Идлиб од 25 април најмалку 126 цивили ги загубиле своите животи, а над 325 се повредени.