Tuğrul Çam
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Во Генералното собрание на ОН денес ќе се гласа за нацрт резолуцијата во која се наведува дека е неважечка секоја одлука и акција која ќе го измени статусот, карактерот или демографскиот состав на Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетуваме, САД на 18 декември вложија вето во Советот за безбедност на ОН за нацртот резолуција за Кудс, која на иницијатива на Турција, ја предложи Египет.

Со нацртот резолуција се бараше одлуката на САД за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел да нема правен ефект.
За време на седницата 14 од вкупно 15 членки на Советот за безбедност, пружија поддршка. Нацртот го поддржаа Велика Британија, Франција, Кина, Русија, Уругвај, Боливија, Етиопија, Италија, Јапонија, Казахстан, Сенегал, Шведска, Украина и Египет, а САД вложи вето.
Гласањето во Советот за безбедност следуваше по негодувањето на голем број земји поради одлуката на американскиот претседателот Доналд Трамп на 6.декември, да го признае Кудс за главен град на Израел, и амбасадата на САД да ја премести од Тел Авив во Кудс.
Потоа претставниците на Организацијата за Исламска Соработка (ОИС) го повикаа целиот свет Источен Кудс да биде признаен за главен град на Палестина.
„Потврдуваме дека ја признаваме Палестина со Источен Кудс како главен град“, се наведува во декларацијата на ОИС објавена по самитот во Истанбул одржан на 13 декември.
Во Њујорк денес отпатуваа министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и неговиот палестински колега Риад Малки.
Во нацртот резолуцијата за кој ќе се гласа, наведени се претходните одлуки кои ОН ги донесе кога станува збор за палестинско-израелското прашање, но и Кудс.
Кажано е и дека е потребно да се заштити посебниот статус на Кудс, неговите духовни, верски и културолошки димензии.
Истакнато е дека секоја одлука или акција која ќе го измени карактерот, статусот или демографскиот состав на светиот град Кудс се смета за неважечка и без правен ефект и дека како таква, во согласност со претходните резолуции на ОН, треба да се повлече.
Упатен е и повик за интензивирање на напорите во постигнување на трајно, праведно и сеопфатно решение на Блискиот исток, и да се заврши израелската окупација коа започна во 1967 година. Исто така од САД се бара да се избегнува отворањето на дипломатско претставништво во Кудс.
Резолуцијата може да биде усвоена со најмалку две третини од гласовите на членките на Генералното собрание.