Riyaz Khaliq Khaliq
19 Април 2023•Ажурирај: 24 Април 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Последните податоци на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека Индија, со 1.428.600 милијарди, ја надмина Кина по број на население, пренесува Анадолу.
Податоците објавени на интернет-страницата на Фондот за население на ОН покажуваат дека населението на Кина изнесува 1.425.700 милијарди.
Тоа се случи по неколку дена откако ОН предвидоа дека населението на Индија ќе го надмине кинеското население оваа година.
Според прогнозата на ОН, населението на Индија ќе достигне 1,429 милијарди оваа година, додека очекувањата за Кина беа 1,426 милијарди.
Населението на Кина пред една деценија беше 1,385 милијарди, додека на Индија беше 1,307 милијарди.
Во текот на 10-годишниот период, населението на Кина се зголеми за 2,96 отсто, додека населението на Индија се зголеми за 9,33 отсто.
Населението на Индија од 2014 година досега се зголеми за 122 милиони, за околу 1 милион месечно.