Diyar Güldoğan
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Климатските промени се реалност која веќе влијае на секој агол од светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Климатските промени се реалност која сега влијае на секој регион од светот. Човечките импликации врз моментално проектираните нивоа на глобалното затоплување се катастрофални“, изјави високата комесарка Мишел Бачелет на 42. регуларнa сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева.
Бачелет истакна дека вонредната климатска состојба веќе предизвикува нагло зголемување на гладот во светот.
Таа додаде дека Светската здравствена организација на ОН (WHO) предвидува климатските промени да предизвикаат приближно 250.000 случаи на смрт годишно во периодот од 2030 до 2050 година како последица од неухранетост, маларија, дијареја и топлотен стрес.
„Светот никогаш досега не видел закана за човековите права од овој обем. Ова не е ситуација за која било земја, институција или креатор на политики да седи настрана и да не дествува“, рече Бачелет.
Таа додаде дека климатските промени ги поткопуваат правата, развојот и мирот.
Во својот говор, Бачелет, исто така, го привлече вниманието на голем број проблематични состојби со човековите права во различни земји, вклучително и Судан, Мјанмар, Сирија, Украина, Палестина и Венецуела.