Betül Yürük
09 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
ЊУЈОРК (ОН) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека бројот на жртвите на убиства низ светот е петпати поголем од бројот на жртвите кои загинале во регионите каде што се случуваат војни и судири, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Канцеларијата на ОН за дроги и криминал (UNODC), во 2017 година 464.000 лица биле жртви на убиство, над 89 лица загинале во војни и судири, додека 26.000 лица животот го загубиле во терористички активности.
Во извештајот се нагласува дека бројката на жртвите кои животот го загубиле од убиства е петпати поголема од бројката на лицата кои смртно настрадале во војни и оружени судири.
Според овој извештај, 19 отсто од убиствата во светот се резултат на организиран криминал, додека најголемата стапка на убиства е забележана во Централна Америка, каде што 62,1 од секои 100.000 лица се жртви на убиство.
Во извештајот се вели дека најниската стапка на убиства е забележана во Азија, Европа, како и во земјите во Среден и Јужен Пацифик.
Се истакнува дека е забележан пораст во стапката на жените кои биле убиени во семејно насилство, и дека 58 отсто од жените кои биле жртви на убиство, тоа се случило во услови на семејно насилство.