Cankut Taşdan
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
АНКАРА
Во турскиот главен град Анкара е реализирана операција против терористичката организација ДЕАШ, при што се приведени 12 од 15 осомничени странци кои имале контакт со ДЕАШ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите од Дирекцијата за разузнавање и борба против тероризмот при Полициската дирекција во Анкара открија дека во градот се наоѓаат 15 осомничени странци кои имале контакт со припадниците на вооружената терористичка организација ДЕАШ во конфликтните зони.
Полициските сили спроведоа истовремени операции во одредени локации против овие 15 лица, приведувајќи 12 осомничени странци.
Продолжуваат операциите за фаќање на осомничените кои се во бегство.