Meiramgul Kussainova
15 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
КИЕВ (АА) – Оштетена е уште една станбена зграда во напад на руските војници врз Киев, главниот град на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Украинската служба за вонредни ситуации, за време на денешните руски напади, топовска граната погодила 10-катна станбена зграда во областа Подолскиј во главниот град Киев.
Како резултат на нападот, избувна пожар од првиот до петтиот кат од зградата. Пожарникарите извлекоа едно лице од стан во многу оштетената зграда.
Во меѓувреме, во соопштението објавено на социјалните мрежи на Државната управа на Киев се вели: „Во главниот град се огласија сирените. Сакаме сите веднаш да заминат во засолништата.“
Меѓу другото се наведува дека три експлозии се слушнале во утринските часови во различни делови на Киев.