Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
15 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
БРАТИСЛАВА (АА) – Словачка соопшти дека одлучила да протера тројца руски дипломати од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Дипломатите во руската Амбасада во главниот град Братислава ја прекршија Виенската конвенција за дипломатски односи“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Јурај Томага за официјалната новинска агенција ТАСР, но не даде повеќе детали.
Тој истакна дека дипломатите ќе треба да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, додавајќи дека полицијата денес ќе одржи прес-конференција за ова прашање.
Протерувањето на дипломатите се случува среде третата недела од војната на Русија против Украина, фрлајќи сенка врз нејзините односи со Европската Унија и земјите членки како Словачка.